Сечкањето кромид е едноставно ако го правите тоа правилно. Бидејќи поголемиот дел од рецептите се прават со кромид, одвоете неколку минути и научете како да го исечете правилно.
Прво треба да го отстраните коренот од кромидот. Забодете го врвот од сечилото и свртете го кромидот околу сечилото.Направете го тоа на двете страни од кромидот.
Потоа треба да ја отстраните лушпата. Тоа се прави на тој начин што со ножот ќе ја повлечете лушпата од вдалнатината до било кој корен.
Следно што треба да направите е да го исечете кромидот на половина. Единствен правилен начин е да сечете така што ќе ги следите линиите на кромидот. Сечете го кромидот во иста насока во која одат и линиите.
Потоа исечете го кромидот од врвот кон дното, но немојте целосно, оставете еден сантиметар од едната страна неисечен за да останат поврзани парчињата.
Свртете го кромидот за деведесет степени и исечете го на парчиња за да добиете мали коцки.
Така ќе добиете совршено исечен кромид, без многу мака, неред и солзи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CwRttSfnfcc