Прочуеното правило дека е потребно одредено време за бактериите да стигнат до хранате е научно потврдено.
Сите ние најмалку еднаш сме се нашле во прилика да се мислиме дали да ја подигнеме и изедеме храната која завршила на подот. Долго време постоеа дилеми околу правилото за пет секунди, а сега тоа е и научно потврдено.
Стручњаците од универзитетов во Астон, Велика Британија, кои проучувале колку време и треба на храната од како ќе падне на под, пред бактериите да се закачат. Тие дошле до заклучок, колку е пократко храната на под, толку помалку бактеерии ќе се закачат.
Научниците предупредуваат дека текстурата на подот, како и местото каде што храната ни паднала, многу влијае на количината на бактерии кои ќе преминат на храната. Бактериите од тепх, поспоро преминуваат на храната, одколку оние од ламина, плочки и останати површини.
Исто и она што ќе падне влијае на брзината на бактериите. Влажната храна, побрзо ќе закачи на себе бактерии, за разлика од сувата како на пример лебот.
Но сепак треба да се внимава, бидејќи постои одредена опасност од зараза. Со други зборови, колачето од подот во кујната не е исто со колачето на подот во некој ресторан или улица.