Ако сте во недостаток на време, а сакате да се ослободите од неколку килограми на брз и здрав начин, постои нова диета креирана од Сири Дата, ескперт за јога. За време на оваа диета, се јаде само сирово овошје, зеленчук, разни семки и сл… Нема броење на калории, нема готвење, а резултатите се фантастични.
Диетата може да се држи по желба: 3, 7 или 10 дена.
Диетата од 3 дена ја намалува надуеноста на стомакот, а ќе добиете нова енергија и ќе изгубите до 3 килограми. Диетата од 7 дена ќе ви помогне навистина да го осетите благодетот: Лесно тело, бистар ум и повеќе енергија, со губиток на тежина до 5 килограми. Диетата од 10 дена ќе донесе видливи промени на кожата, ќе изгледате помладо и ќе изгубите до 7 килограми.
Доручек: Поченете го денот со две чаши вода и малку свежо исцеден лимон. Додадете уште некоја комбинација на сокови или обичен свеж сок. Било која комбинација на природни и свежи сокови е погодна.
Ручек: Ова би требало да биде најобилниот оброк во текот на денот со многу зеленчук и овошје.
Вечера: Ова е време кога треба да јадете здрави масти за организмор да се обнови додека спиете. За овој оброк добро е да вклучите семки, преливи за салати, и разни костенливи плодови.
И најважно, никогаш не јадете после осум часот.

You must be logged in to post a comment Login