Ако сте ја зголемиле вашата телесна тежина и тоа ве прави да се чувствувате лошо и непосакувано, еве решение како на здрав начин да изгубите 6 килограми за 30 дена.
Кондициони вежби
Овие вежби се многу важни бидејќи ја задржуваат мускулната маса. Кога сте на диета освен што го топите масното ткиво, вие ги топите и мускулите. Па затоа со овие вежби вашите мускули ќе ја задржат нивната форма, дури и ќе се подобрат, а масното ткиво ќе почне да исчезнува.
Внимавајте на диета
Никогаш немојте да претерувате со диети. Екстремните диети можат да бидат многу нездрави. Ако претерате вие ќе бидете слаби, но исто така ќе ви се познаваат темни кругови околу очите, ќе бидете бледи и ќе немате енергија. Да држите диета не значи дека треба да не јадете туку да знаете што и колку да јадете. Јадете многу зеленчук и овошје и пијте многу вода. Доколку некогаш чувствувате стрвност за храна, исцедете еден лимон. Витаминот Ц ќе ја сопре вашата желба за храна.
Вежбајте
Во денешно време постојат многу видови на вежби. Можете да вежбате Зумба, P90x, Јога, Пилатес, Фитнес и многу други. Сите овие вежби ќе ви помогнат да го затегнете вашето тело и да останете фит. Вежбите кои ние ви ги препорачуваме се:
- Ден 1 – Кондициони вежби + 5км трчање + вежби за рамења, гради и трицепс.
- Ден 2 – Кондициони вежби + 500 прескокнувања на јаже + вежби за бицепс и грб.
- Ден 3 – Кондициони вежби + 8км пешачење со тегови во рацете + основни вежби за истегнување.
- Ден 4 – Кондициони вежби + вежби за нозе.
- Ден 5 – 18 километри пешачење (за овој ден би било убаво да излезете во природа и да ја понесете вашата камера и почнете да шетате).
- Ден 6 – 500 прескокнувања на јаже + вежби за истегнување + основни вежби за сите делови од телото.
- Ден 7 – Ден за одмор!!!

You must be logged in to post a comment Login