Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Храната која ја “јаде” нашата енергија

Никој не може да негира дека храната и водата се нашето најважно гориво за животот. Но малку луѓе знаат дека постојат храни кои “јадат” од нашата енергија!

Еве кои се тие…

Енергетските пијалоци

Звучи парадоксално, но точно е. Овие пијалоци не полнат со ударна доза на енергија, но тој прилив  нагло слабее, откако дејството на кофеинот и другите енергетски компоненти запре. Тогаш вие ќе се чувствувате уште по уморни.

Слатки работи

Сите вкусни работи со многу шеќер во нив се погубни за нашата енергија. Тие исто така нагло ја зголемуваат енергијата на телото и потоа нагло ја намалуваат. А ако се конзумираат многу често, мозокот ќе престане да произведува супстанција што го прави човекот да биде концентриран и внимателен.

Црвено вино и алкохол

Извинете, пријатели, овие пијалоци може да го зголемат степенот на расположението, но не и енергијата. Алкохолот делува депресивно, води до поспаност и може да доведе до нарушување на режимот на спиење и хроничен замор.

Храна со ниска содржина на железо

Кога овој елемент е низок во крвта, тоа може да доведе до анемија. А таа од своја страна предизвикува замор. За да се избегне тоа експертите препорачуваат да конзумирате леќа и леблебија.

Пржена храна

Пржената храна, како и храната со висока содржина на масти,го отежнуваат правилното функционирање на мозокот. Тоа може да доведе до чувство на замор, а на долгорочен план и до нарушување на когнитивните функции.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement