• Сподели на:

Храна против депресија

___

Недостатокот од селен во клетките од мозокот може да доведе до депресија и непредвидливи промени во расположението. Се поголем е бројот на луѓе кои патат од пореметување на сонот и несоници. Пред да посегнете по разни лекови и таблети за спиење, пробајте да ја смените исхраната и да изберете здраво мени. Правилниот избор на продукти во исхраната можат да го подобрат вашиот сон, да постигнете ментална стабилност и да се ослободите од тегобите. Продукти кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата се следниве:

Мешункасти растенија

Гравот и останатите мешункасти растенија располагаат со витамини од групата Б, односно со витамините Б6 и Б12, кои помагаат во регулирање на циклусите сонови и лачењето на хормонот серотонин што ги регулира температурата, апетитот, чувствата, болките, однесувањето, крвниот притисок и дишењето.

Кога консумирањето на овие продукти е во нормални количини, тогаш добивате чувство на задоволство и ментална отпуштеност и имате здрав сон.


Оставете коментар

___