• Сподели на:

Храна која штити од настинки

___

Редовната употреба на ферментирани млечни производи со низок процент на маснотии како што е јогуртот или сирењето, може да го намали ризикот од развивање на дијабетис тип 2 за 25 проценти.

Кога одредени намирници ги оставаме да ферментираат, добрите бактерии и габите си ја вршат работата. Тие микроби ја јадат храната пред нас, ги уништуваат шеќерите и скробот со што се олеснува апсорпцијата на хранливи материи.

Оделни намирници ослободуваат млечна киселина, природен конзерванс кој во цревата го стимулира растот на добри бактерии. Така храната станува природен пробиотик.

Спасители на имунитетот

Улогата на бактериите во здравјето се повеќе го привлекува вниманието на јавноста во последните години. Помеѓу 70 и 80 проценти од нашите имунолошки ќелии се наоѓа во цревата. Ферментираната храна ги стимулира бактериите кои го подобруваат имунитетот. Така ако некој има настинка, тие можат да помогнат.

Поборниците на ферментирана храна тврдат дека антибиотиците и антибактериските производи за чистење ја намалуваат количината на добри бактерии во цревата а тоа му штети на здравјето. Тие препорачуваат ферментирана храна, фклучувајки и маслинки, месо и млечни производи за зајакнување на имунитетот, борба против алергии па дури и губење на тежина.

Бактериите од млечните киселини покрај имунолошкиот систем, можат да помогнат и за заштита од дијареа, чир во желудник, намалени симптоми на алергија. Зеленчукот, посебно киселиот купус и краставици, се богат извор на овие бактерии. Се попоуларен е и кефирот кој содржи млечна киселина.


Оставете коментар

___