• Сподели на:

Хит диета! Без гладување!

___

Доколку сте претерале со јадење за време на празниците или сакате да изгубите тежина лесно и без глад, имаме одлична диета за вас. Диетата се прави 7 дена. Се јадат одредени работи, но најважно е дека постојано ќе бидете сити. Можете да ја распоредите храната како што сакате и да јадете кога сте гладни, со единствен услов да вечерате барем 2 часа пред спиење. Не е дозволено да конзумирате алкохол и газирани пијалоци. Кафе или чај можете да пиете, исто така кога сакате, но само еден пијалок на ден може да е засладен. Ќе ослабете помеѓу 2 и 4 килограми.

1 ден – 3-4 варени јајца, овошје и зеленчук (може печен или варен)

2 ден – 500гр нискомаслена урда, едно канче кисело млеко, зеленчук без ограничување.

3 ден – 2 канчиња кисело млеко, 2 варени јајца, овошје и зеленчук без ограничувања.

4 ден – 500гр пилешки гради или риба, 1 јогурт, овошје и зеленчук без ограничувања.

5 ден – 500гр нискомаслена урда, 2 варени јајца, зеленчук без ограничувања.

6 ден – 300гр пилешки гради, 1 јајце, зеленчук без ограничувања.

7 ден – 150гр пилешки гради, 2 јајца, зелена салата, 4 мали парчиња црн леб.


Оставете коментар

___