• Сподели на:

Грешки кои ги правиме за време на подготовката на зеленчукот

___

Понекогаш и со најдобриот труд кој ќе го вложите во припремата на храната, крајниот резултат не е онаков каков што навистина би сте сакале. Многу луѓе зеленчукот погрешно го припремаат, па тој после готвењето станува воденесто и лесно се распаѓа.

1. Премногу оцет во салатата

Најчест ,,злочин” во подготовка на салатата е претерување со оцет. Друга грешка е што преливот се ставе во салатата пред послужувањето.

2. Погрешен компир

Ако често готвите знаете дека секој компир не е погоден за било која припрема. Некои врсти се подобри за печење, а други за пире. Во секој случај добро е да го знаете потеклото на компирот бидејќи вкусот на домашниот е неспоредливо подобар.

3. Чистење на печурки

Ако ги измиете печурките, тогаш тие ќе впијат вода и ќе бидат меки. За печурките е доволно да се исчистат со хартија. Секако ако не се органиски, тогаш подобро измијте ги бидејќи е веројатно да се третирани хемиски.

4. Не јадете разновиден зеленчук

Понекогаш е тешко да излеземе од навиките, па затоа стално припремаме еден ист зеленчук. Најдобро е да се користи сезонското бидејќи е подостапно, поздраво и поповолно. За зимските месеци е најдобро да се има замрзнати залихи.

5. Презготвен зеленчук

Понекогаш, со цел да биде доволно зготвен, зеленчукот станува премногу мек и неупотреблив бидејќи се готвел  предолго. Но, сепак можете да го исушите, и да го направите во пире и да го ставите во чорба. За да избегнете премгноу зготвен зеленчук, прво морате да научите кој зеленчук се готви. Ако припремате супа на пример, треба да знаете дека грашакот и компирот на пример, не се готват истовремено. Кога грашакот е готов, компирот е сеуште жив.


Оставете коментар

___