• Сподели на:

Ги зголемува градите, влијае на машката потенција, а потполно е природно!

___

Волшебното семе од пискавица може да се најде во било која продавница за здрава храна, а богато е со протеини, минерали и витамини. Исклучително е хранливо и има многу добри ефекти на здравјето.

Во западната медицина, семето од пискавица (тилчец) се користи за инфекции на грлото, белите дробови и дишните патишта. Одлично делува и во борбата против алергиите и грозницата, бидејќи ја стимулира работата на бубрезите и белите дробови и го загрева телото. Исто така го намалува и нивото на холестерол, но и го подобрува варењето.

Со семе од пискавица до поголеми гради

Знаеме дека звучи нереално, но семето од пискавица навистина може да ви помогне да ги зголемите градите. Ова семе содржи голема концентрација на фитоестрогени кои што влијаат на растот на градите.

Постојат два начина на кои што може да го користите ова семе: масажа или чај.

Масажа – Ставете семе од пискавица во вода и оставете го да преноќи. Искористете ја оваа вода за наредниот ден со неа да ги измасирате градите.

Чај – Во мал сад ставете 200 милилитри ладна вода и 2 лажици семе од пискавица. Ставете го садот на оган и почекајте додека водата да проврие. Кога ќе започне да врие, тргнете го садот од оган и оставете го да отстои 20 минути. Процедете го семето и по желба додадете малку лимон и мед. Не пијте повеќе од две шолји на ден.

Природна вијагра за мажи

Семето од пискавица исто така е одлично и за мажите бидејќи содржи диосгенин, супстанца која што делува како вијагра. Едно истражување покажа дека семето од пискавица е одличен афродизијак.


Оставете коментар

___