• Сподели на:

Фенг шуи – моќта на цвеќето: Скротете ја опасната енергијата во вашиот дом

___

Секоја билка има свое место во просторот, но мора да знаете и на кој вид енергија таа билка припаѓа, како ќе се согласува со другите билки и како ќе влијае на вас.

devojka-sa-ruzama-

Билките се можеби најдобриот показател на енергетските закони, низ меѓусебната размена на енергија меѓу самите билки, помеѓу билките и Земјата, билките и човекот, билките и просторот. Затоа е и во фенг шуи важно кои билки ги садите, но и каде ги садите и чувате.

kaktus-u-sobi

Многу билки имаат две или дури и три вида на енергија, па полесно е да ги позиционирате бидејќи за нив важат правилата и за двете енергии (борот припаѓа на елементот на дрвото и на елементот на оганот, па го наоѓаме и на север и на исток, се до југ).

soba-sa-cvecem-

Елемент на дрвото

Отсликува будење, раст, виткост, еластичност… Билките кои припаѓаат во овој елемент се високи и витки: бамбус, папирус, чемпрес, топола, елка, обичен фикус… Тие се тенки и се виткаат, брзо растат и брзо цветаат, а ако се зимзелени тогаш најдобро растат на пролет. Обично растат на исток, југо-исток (синергија) и север (водата го храни дрвото), но нема да успеат на запад и на северо-запад бидејќи металот го уништува дрвото.

Во оваа група билки припаѓаат: лале, нарцис, кокичиња, кои како весници на пролетта покажуваат растечка енергија, а им се придружува и младиот зеленчук: млад кромид, магдонос, целер, шпаргли, но и првите пролетни високи треви: пченка, трстика, житарки. Енергијата на дрвото се одликува со изразито зелена боја (сите нијанси) и впечатливо стебло кое расте во висина. Една билка – едно стебло.

soba-sa-cvecem-1

Елемент на оганот

Ова е енергија на опасност и со неа треба секогаш внимателно и на растојание. Енергијата на оганот е енергија на југот, затоа овие билки најдобро успеваат на југ (синергија) и се во полн цвет на лето, на исток и југо-исток (дрвото го храни оганот), но лошо растат на север (водата го гасне оганот). На овој елемент припаѓаат билките со огнено-црвена и портокалова боја на цветот или листовите, дрвја кај кои доминира црвената боја на лисјата или нивниот облик потсетува на оган (триаголни, остри, иглични), но и билки чии листови се остри и долги.

Во оваа група припаѓаат: кактуси, палми, коприви, рози, чичак, капини, мак – се што ни кажува да не го допираме или има бодликави или остри листови или е отровно. Примери на “огнени” билки се и олеандер, отровни печурки (кои имаат црвени капи), јука, ананас, алое вера, свекрвин јазик.

soba-sa-cvecem-2


Оставете коментар

___