• Сподели на:

Еве што се случува со вашето тело кога слабеете!

___

Ако сте се прашувале што се случува која во одреден момент ќе се одлучите да започнете некоја од “чудесните” диети, ние го имаме одговорот за вас, но тој за жал, воопшто не е сладок. Всушност, не само што нема успешно да ослабете, односно да ја задржите добиената килажа, туку и ризикувате да им направите дисбаланс на хормоните, дополнително да добиете непосакувани килограми, да се соочите со проблеми со варењето и уште низа од други непосакувани последици.

Хормонски дисбаланс

Ако правите прескокнување на оброците, доаѓа до дисбаланс помеѓу хормоните. Кортизолот расте и ве чини да бидете нервозни. Инсулиност исто така расте, а потоа и опаѓа што води до пореметување на шеќерот во крвта па дури и до зголемување на килажата.

Проблеми со дигестивниот систем

Вашето тело е навикнато да работи преку целиот ден, па кога ќе прескокнете некој оброк, организмот нема што да преработи па и системот за варење престанува да работи како кога имате редовни оброци. За метаболизмот и системот за варење најдобро е да имате три оброци дневно и уште две ужинки.

Задржување на масти

Со прескокнување на оброците го збунувате вашето тело. Тоа мисли дека го изгладнувате, па иако сте земале оброк порано и од навикнатото, кога тоа ќе се случи, телото започнува да ги складира маснотиите како би си обезбедило гориво за следниот период.

Го исцрпувате организмот

Со прескокнувањето на оброците вашиот метаболизам се успорува со што ќе направите да се чувствува уморно. Кога не јадете, вашиот метаболизам се успорува, но кога имате редовни оброци метаболизмот за целото време работи и со самото тоа се забрзува. Редовните оброци ќе направат да имате побрз метаболизам и да ги согорувате калориите.

Станувате депресивни

Веројтно до сега сте слушнале дека луѓето кои се гладни се изедначуваат со луѓето кои често умеат да се налутат. Тоа се случува поради дисбалансот на хормони кои предизвикува да се чувствувате потиштено и нервозно. Спасете се себе си и сите околу вас така што нема да го прескокнете вашиот оброк.

Се менува системот на размислување

Ќе се изненадите, но прескокнувањето на оброците го менува вашиот систем на размислување за храната. Во вашиот ум се формира погрешна слика дека всушност храната не ви е приоритет, што дефинитивно не е добро за вашето здравје.

Доаѓа до прејадување

Крајно, но ништо помалку важно, е и фактот дека како последица на прескокнување на оброци може лесно да дојде до прејадување. Прејадувањето е нешто што вообичаено оди после прескокнат појадок или ручек. Вашето тело во времето на вечерата е толку многу исцрпено и всушност е во очајна потрага по калории. Тогаш најчесто и доаѓа до прејадување, што резултира со болки во пределот на стомакот и натрупување на голем број на одвишок масти и килограми.


Оставете коментар

___