• Сподели на:

Дводневна диета – 10 килограми за само 6 недели

___

Оваа диета ја имаат измислено двајцата научници др. Мајкл Нарви (специјалист за нутриционизам) и др. Тони Хаувел (онколог). Диетата ја нарекле „диета пет спрема два”.

Диетата треба да се практикува 6 недели, може да ви помогне да го победите цеулитот и да бидете до 10 килограми послаби. Потребно е само да ги следите најважните совети: два дена неделно ќе имате посен ден во текот на кој треба да внесете само 500 калории, а останатите 5 дена можете да јадете нормално, но здраво. Исто така мора да вежбате 30 минути, три пати неделно, но само во оние денови кога ќе јадете нормално.

Диетата е резултат на научно истражување започнато во 2006 година, на институтот Genesis Breast Cancer Prevention во Манчестер.

Во каква врска се ракот на дојката и диетата за слабеење? Оваа болест, на која влијаат повеќе фактори, меѓудругото е поврзан со вишокот килограми.

Токму тоа ги стимулирало авторите на диетата да пронајдат идеален режим на исхрана, метод кој ке овозможи лесно слабеење, без нервози и јо-јо ефекти. Нивниот заклучок е дека би требало да се менуваат деновите во кои нормално се јаде и оние денови на умерен пост.

Жените во текот на посните денови треба да внесуваат 500 калории, а мажите 600 калории. Тоа би требало да бидат денови во кои нема да бидете многу зафатени и во кои нема да има потреба да вложувате голем интелектуален напор.

Мени за посните денови:

Понеделник, среда, петок, сабота и недела се јаде нормално, но преферирајте здрава исхрана.

Предлог 1

Вторник

Појадок: кајгана од 2 јајца и парче шунка

Ручек: прескокнете

Вечера: 100 грама печено пилешко бело месо и 100 грама варена брокула

Четврток

Појадок: ризото со чаден бакалар и млад лук

Ручек: прескокнете

Вечера: 100 грама печено говедско филе, 100 грама рукола и 100 грама варен морков.

Предлог 2

Појадок: зелен чај, 2  меко варени јајца

Ручек: супа од зеленчук, свеж зеленчук зачинет со лажичка масло од репка и лимон, јогурт

Ужина: јаболко, неколку бадеми или лешници, чај или кафе со млеко

Вечера: крем супа од зеленчук, риба, зеленчук, чај без кофеин

За да ги издржите деновите на пост, би било најдобро да го организирате внесот на калории.

Доручек 150 калории

Ручек 100 калории

Вечера 200 калории

Ужина 50-100 калории


Оставете коментар

___