• Сподели на:

Домашни рецепти против затнат нос

___

Кога носот ви е затнат, веројатно користите различни медикаменти, за да го решите непријатното чувство. Ви откриваме неколку лекови кои се природни и можат да ви помогнат лесно да го решите овој проблем.

Сокот од лимон е одличен начин да го избегнете затнувањето на носот и да ја спречите дехидратацијата. Конзумирајте зачинета храна кои исто така ќе ви помогне. Но обавезно пијте многу течност за време на оброкот.

Топол туш, поточно вдишување на топла пареа допринесува носот да ви се одзатне. Покрај тоа, влажниот воздух ги исфрла токсините од телото.

Маслото од еукалиптус е одличен лек за затнат нос. Неколку капки масло од еукалиптус додајте ги во сад со врела вода и вдишувајте го топлиот воздух околу 10 минути.

Топлата пилешка супа е совршен лек против затнат нос бидејки содржи цистеин – амино киселина која ја намалува затнатоста на носот.

 


Оставете коментар

___