• Сподели на:

Домашна борба против целулитот

___

Целулитот е проблем кој не може да се надмине во само еден ден. Се уште не е време за кратките здолништа и бикини, но доколку сакате беспрекорно да изгледате на плажа, треба да се позанимавате со овој проблем доколку го имате.

Цимет

Циметот го стимулира лачењето на заостанатите и отпадните материи со што ја намалува телесната тежина. Користете го како масло за тело, намачкајте ги бедрата со кремата, а потоа врз неа нанесете цимет. Потоа завиткајте ги бедрата со алуминиумска фолија и оставете да делува половина час. По тоа отстранете ја фолијата и исплакнете ги бедрата наизменично со млаз ладна и жешка вода.

Глина

Глината служи за детоксикација на телото на тој начин што за неа се врзуваат сите отпадни материи. На глината додавајте и вода се додека не добиете густа смеса. Не ги мешајте туку оставете ја глината сама да ја прими водата.

Потоа смесата нанесете ја на местата каде имате целулит и местата замотајте ги со алуминиумска фолија за да се загрее. По 15 минути, извадете ја фолијата, глината измијте ја со топла вода, а потоа местото каде стоела мијте го наизменично со топол и ладен туш.

Кафе

Кофеинот кој се наоѓа во кафето ја поттикнува циркулацијата, а воедно тој е главна состојка на сите антицелулитни креми. Кафето може да се користи против целулитот, доколку го употребувате во исто време со пилинг гел против целулит. Едноставно о гелот за туширање додадете мелено кафе и измешајте ги.

Потоа, нанесете на местата каде имате целулит и со кружни движења, масирајте ги неколку минути.

По масажата мијте се наизменично со топол и ладен туш.


Оставете коментар

___