• Сподели на:

Диета „Златно семе” – не може да биде поедноставна!

___

Главната разлика меѓу диетата “Златно семе” и повеќе други диети е во тоа што никогаш нема да бидете гладни.

Доколку сте испробале разни диети и не сте изгубиле барем 5 килограми, ви советуваме во рок од 15 дена да се придржувате до едноставната и евтина диета наречена „Златно семе”.

Таа се заснова на житарки, кои лесно можете да ги набавите: просо, хељда, овес, јачмен, ориз. Истите содржат многу хранливи материи и микроелементи, вклучувајќи ги калиумот, магнезиумот, цинк, фосфор, железо и витамини Б. Целулозата со која се богати житарките, помага телото да се ослободи од штетните материи и сложените јаглени хидрати, а обезбедува и продолжено чувсто на ситост.

Каква е диетата „Златно семе”?

Во рок од 15 дена за појадок, ручек и вечера и помеѓу оброци јадете само каша, која се подготвува од семињата со вода, без додавање масло. Во текот на диетата можете да пиете само чиста вода во неограничени количини.

1. 2. 3. ден – Пченична каша

Кашата од пченица благотворно делува на нервниот систем. Покрај тоа, оваа каша е многу добра за срцето и крвните садови.

4. 5. 6. ден – Овесна каша

Овесната каша е особено корисна за луѓе кои патат од болести на цревата. Покрај тоа, овесните снегулки ги чистат бубрезите и црниот дроб и ја стимулираат работата на штитната жлезда. Честата употреба на оваа каша благотворно делува на кожата и косата.

7. 8. 9. ден – Хељда

Хељдата е многу корисна при болести на срцето, црниот дроб, бубрезите и дијабетесот. Оваа житарка е богат извор на железо.

10. 11. 12. ден – Каша од јачмен

Јачменот се препорачува за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот на килограми. Како нискокалорична житарка, јачменот брзо го задоволува гладот, го подобрува метаболизмот и помага при затвор.

13. 14. 15. ден – Каша од кафеав ориз

Оризот му помага на телото да се ослободи од токсините. Оосебено е корисен за пациенти кои се жалат на проблеми со зглобовите.

Како да ја варите кашата за истата да биде уште покорисна за организмот?

За да витамините и минералите преживелат при варењето, измијте го и потепете го семето да отстои во ладна вода 6-8 часа (по можност преку ноќ). Потоа, префрлете ги во чиста вода и ставете го тенџерето на загреана рингла. Кога водата ќе зоврие, додадете ги семињата (овесот, јачменот, пченицата…) и тргнете го тенџерето од оган да остои отстои 2 часа.

Диетата „Златно семе” е една од наједноставните и ефикасни програми да се ослободите од вишокот килограми и да го подобрите целокупното здравје. Дури и ако се откажете од овој предизвик на самото споменување на зборот „каша”, сепак ви советуваме да ја надминете одбивноста спрема овој вид на храна и да ја одржите 15-дневната диета.

Резултатите ќе ве одушеват. Ќе го изгубите вишокот килограми, ќе се чувствувате лесно, ќе го подобрите здравјето, а вашата коса и кожа ќе добијат посебен сјај.


Оставете коментар

___