Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Диета Обединети Нации

Предупредување! Пред да започнете со диетата посоветувајте се со лекар и постапете според неговите совети!

Целта на оваа диета е , освен намалување на килограмите, да доведе до промени во метаболизмот, со што се гарантира дека симнатите килограми нема да се вратат.

Диетата трае 90 дена, и за тоа време се губат 18-25 килограми, доколку сакате да намалите помалку килограми, можете порано да ја завршите диетата, но тогаш нема да дојде до промена на метаболизмот.

Појадокот е ист, секој од 90те дена, овошје. Се јаде овошје, во пар: две јаболки, две круши, два портокала или една рака зрнесто овошје.

Диетата почнува со протеински ден и по секој овошен ден следи протеински ден. Редоследот на деновите не смее да се менува.

Прв ден: Протеински ден

Ручек: варено или печено месо во количина од три хотелски шницли, едно парче леб, салата во неограничени количини и на крај да се испие 2 дцл супа, бистра, без резанци. Наместо месото може да се изедат три печени или варени јајца. Млеко и сирење можат да се јадат само овој ден. Супата мора обавезно да се испие.

Вечера: Исто како ручекот, само без супа.

Мора да внимавате ако за ручек имавте месо, да имате и за вечера да биде исто. Истото важи и ако сте јаделе јајце. Ако јадете и сирење, количината на месо и јајце се намалува за количината на сирењето.

Втор ден: Скробен ден

Ручек: Грав, грашок, ориз или компир. Задолжително готвени само  со зачини ( сол, бибер, вегета, кечап, оригано.) Изедете и едно парче леб и салата

Вечера: Исто што и за ручек, само во помала количина.

Трет ден; Ден за Јаглехидрати

Ручек: Варени тестенини со додаток зачини, пица само со кечап или било кое солено тесто во количина на тесто за пица.

Вечера: 2 помали парчиња торта или 3-4 парчиња колачи или 3 топки сладолед и обавезно еден ред темно чоколадо.

Четврти ден: Овошен ден

Ручек и вечера: мешано овошје

Три пати за време на диетата, обично еднаш месечно треба да се се држи воден ден кој секогаш следи по овошниот ден, а по него се продолжува со протеински ден. Кафе и чај можат да се пијат во неограничени количини, но без шекер.

По завршената диета се јаде нормално со тоа што овошјето останува за ручек уште 90 дена. Ако во наредните три месеца се изгубат уште три килограми значи дека дошло до промена на метаболизмот. Ако не се изгубат диетата треба да се повтори. Ако имате потреба да симнете повеќе килограми, диетата може да ја повторите по 3 месеци.

Делува комплицирано, но количината на храна не е поголема од количината која секојдневно ја внесуваме без разлика што килограмите се губат. Не треба да губите надеж и волја бидејќи се случува во првите 10 дена тежината да не падне, но тогаш се симнуваат 3-4 килограми. Ако понекогаш пиете сок, внимавајте да не биде газиран, да има помалку шекер. Ништо не смее да се прескокне, секоја намирница има своја намена во организмот, тој не смее да остане без неа. Не е невообичаено да се јаде овошје за појадок, организмот од него најпрво го користи интегралниот шекер кој го храни нервниот систем или чоколадата која спречува алергија која е често присутна во диетата.

Пожелно е на половина од диетата да се контролира крвната слика. Сите кои ја држеле оваа диета, изгубиле најмалку 10 килограми без никакви здравствени проблеми. Личностите кои патат од зголемен крвен притисок по неколку недели немаат потреба од лекови.

Пробајте, нема да зажалите.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...