• Сподели на:

Дали сте преслаби?

___

Многу жени се среќаваат со проблемот, после диетата брзо да се вратат на својата почетна тежина. Сепак некои и се среќаваат со проблемот поради промена на режимот на исхрана да ослабат премногу и да не можат потоа да воспостават нормална тежина.

Тешко е да се даде одговор на тоа дали сте преслаби, иако е можно да се пресмета вашата идеална тежина, но со оглед на тоа дека секое тело и секој организам е различен, индексот на телесна маса можеби и не е вистинскиот одговор. Сепак постојат одредени сигнали кои вашето тело ги праќа а кои можат да се толкуваат дека е знак дека треба малку да се здебелите.

Кога сте потхранети, големи се шансите да се осеќате нервозно и нерасположено, бидејќи телото пробува да сигнализира дека треба да одите по храна.

Кога сакаме да ослабиме, покрај масните наслаги ќе изгубиме и одреден процент мускулна маса, што е сосема нормално. Сепак кога премногу се слабее се губи повеќе одколку што сакаме па зглобовите и коските изгледаат поизразено. Постои можност и кожата да е сува и набрана бидејќи и недостасуваат мускулите кој ја штитат од коските.

Кај жените на кои им недостигаат килограми често се случува менструацијата да им касни, што е знак дека телото се буни против губитокот на тежина.

Недостатокот на сон исто може да биде показател дека треба малку да се здебелите, бидејќи на организмот му е тешко да спие на гладен стомак.


Оставете коментар

___