• Сподели на:

Дали стареењето е болест?

___

Минатиов месец истражувачите се сретнаа со Администрацијата за храна и лекови (ФДА) за една многу специфична причина – тие сакаат да тестираат лек кој може да го забави процесот на стареење.

Доколку успеат, ќе покажат дека стареењето е всушност состојба која може да се третира со лекови, што пак би можело да го поттикне напредокот и финансирањето на истражувањата за стареењето.

Според коментарите на некои од официјалните службеници, се чини дека ФДА ќе каже да.
Кога станува збор за здравствени и фармацевтски истражувања, целта е да се излечи одредена болест или состојба.

Но често, доколку пациентот е постар, неговото тело не може да се регенерира доволно за целосно да се излечи. Пациентите се лечат од една болест, притоа се заболуваат од друга и набрзо умираат.

Оние кои го истражуваат стареењето не бараат бесмртност, туку едноставно сакаат да ги задржат луѓето поздрави за подолг период. Нивниот експеримент е наречен „TAME“ (Targeting Aging with Metformin) или третирање на стареењето со метформин.


Оставете коментар

___