Нутриционистите и лекарите во последните години се почесто ги објавуваат своите истражувања кои никако не зборат во корист на шеќерот. Но дали шеќерот е навистина толку штетен колку што се верува.
Една од најголемите грижи кога се зборува за шеќерот е ефектот кој го има на инсулинот. Инсулинот е хормон кој овозможува на телото да ги складира мастите, односно предизвикува дебелеење и дијабетис. Бидејќи шеќерот навистина влијае на нивото на инсулин, лесно е да го обвиниме за дебелеењето и проблемите со вишок на килограми.
Сепак, тоа се работи кои се однесуваат на доста поедноставното објаснување на функционирањето на инсулинот. Тој се активира после оброк. Станува збор за сосема нормален физиолошки процес, благодарение на хормонот кој им дава на клетките неопходно горива за создавање енергија.
Меѓутоа, проблемите настануваат кога организамот создава отпорност кон инсулинот или е болен од дијабетис, а погрешно е верувањето дека оваа отпорност е предизвикана од конзумација на шеќер. Таа настанува кога околу органите ќе се создадат слоеви на масти, кои се одговорни за настанување на сите овие болести, а тоа се случува кога внесуваме повеќе калории отколку што согоруваме.
Кога станува збор за влијанието на шеќерот на здравјето, често се спомнува процесо кој се нарекува de novo lipogeneza (DNL), чија улога е претварање на јаглените хидрати во масти. Токму тоа доведува до заблуди дека нормалната конзумација на шеќер доведува до заболување.
Факт е дека, човечкото тело, дури и ако се конзумира исклучиво нискокалорична храна, ќе најде начин да ги складира мастите ако внесот на калории е поголем од препорачаното.
Заклучок е дека шеќерот во нормални количини не е штетен. Ако се користи прекумерено тогаш насануваат опасности. Всушност се што е претерано, па дури и вода, му пречи на организамот.
Затоа најважна е умереноста и режим на исхрана кој подразбира балансиран внес на протеини, јаглени хидрати и масти, а не е неопходно потполно да се исфрли шеќерот од менито.


You must be logged in to post a comment Login