• Сподели на:

Дали перницата на која што спиете е веќе мртва

___

Ако вашата перница не го помине овој тест, променете ја веднаш!

Ако имате алергиски напади, лошо спиете и се будите уморни, тогаш мора да водите повеќе грижа и за вашите перници.

“Перниците имаат голема улога во процесот на спиење”, тврди истражувачот на спиење, ребека С. Робинс од Универзитетот Корнел.

Верувале или не, во перниците како и во душеците се собираат грини, кои доведуваат до алергија, така што многу е важно да ги менувате на секои две или три години. Исто така, еластичноста на перниците е многу важна за поддршка на главата и вратот, а најчеста ситуација е кога долго користената перница нема еластичност и е полна со грини.

Лекарката Робинс предлага да го направите следниов тест за да проверите дали сеуште може да спиете на омилената перница или е време да ја фрлите. “Превиткајте ја перницата на половина, доколку не се врати веднаш во нормална позиција, тогаш вашата перница е “мртва” и време е да си купите нова”, објаснува лекарката.

Доколку перницата и понатаму е еластична и обезбедува доволна поддршка на главата и вратот, може да ја ослободите од грини со помош на една едноставна домашна техника – ставете ја во замрзнувач на 24 часа и потоа повторно може безбедно да ја користите.


Оставете коментар

___