Кои намирници се поврзуваат со кое место од светот?
Таа е стилист за храна и често знаела да наврати на чаша розе во локалот каде тој бил келнер. По некоја случајност тој не бил само келнер туку вљубеник во фотографијата. Caitlin Levin и Henry Hargreaves ги споила заедничката мисија да направат карта на светот на која ќе прикажат намирници кои се поврзани со местото на потекло.
“Секогаш ме интригирал односот на луѓето и храната” изјави Caitlin. Тие многу добро знаат дека доматите потекнуваат од Јужна Америка, но рака на срце, сите ги гледаат како еден од националните симболи на Италија. Исто така, кивито е од Кина, но тука од истата причина е ставен во Нов Зеланд.
“Сакавме да направиме карта со намирници кои луѓето ги поврзуваат со некое место, затоа и не ги споредувавме со местото на потекло”
Африка
Неодминливи се пченката, леќата, гравот и просото, а присутен е и кускусот.
Австралија
Најпознати се по изобилието на квалитетни морски плодови и риба.
Франција
Најголемиот дел од картата е резервиран за сирењето и како да не биде кога се сопственици на повеќе од 500 видови.
Индија
Шафран и илјадници најразлични зачини и тревки и десетици различни начини на приготвување на храната.
Итлија
Италијанската кујна ни е блиска и често уживаме во специјалитетите кои ни доаѓаат од таму.
Јужна Америка
Домати, многу цитрони, грав и месо