Ако не сакате класични диети, можеби ќе ве инспирира идеата на Жаклин Вајтхарт, авторка на книгата The 5:2 Diet Recipe Book.
Жаклин изгубила повеќе од 6 килограми откако почнала да ги внимава сопствените и кога решила да објави книга која би можела да ве донесе до витка линија без премногу мака.
Пратејќи ја диетата, Жаклин вели дека е доволно само два дена во неделата да се прати специјален режим на исхрана.
Во интервју за британски весник таа одговара како на тој начин изгубила килограми.
Колку брзо ги забележавте резултатите откако почнавте со диетата?
Многу брзо! Во првата недела изгубив 2кг, а потоа со одржување на тоа темпо губев околу 0,5гк неделно во следните месеци.
Колку тежина изгубивте и за колку време?
Изгубив 6кг за 3 месеци.
Дали веднаш ќе ги вратите килограмите ако престанете со режимот?
Сеуште ја одржувам диетата, со тоа што сега ја држам само еден ден во неделата, што значи дека ја одржувам тежината. Мислам дека ако направам пауза можам да додадам 2-3 килограми.
Како се борите со заморот со оглед на тоа дека во текот на денот гладувате и не внесувате доволно калории?
Нормално е да почувствувам глад, но не трпам никакви несакани ефекти, можеби само понекогаш да бидам нервозна. Не чувствувам замор во тој период, напротив, само прилив на енергија.
Зошто ја препорачувате оваа диета?
Мислам дека многу се разликува од останатите диети, само е важно да водите сметка за тоа колку калории внесувате тие два дена и ќе постигнете резултати.

You must be logged in to post a comment Login