• Сподели на:

Чоколадо за поздраво срце

___

Тестовите покажале дека чоколадото “Artikoa” на швајцарската компанија “Beri Kalebo”, позитивно влијае на срцето. Стручњаците сметаат дека овој производ содржи голем број на флавоноли кои инаку се исфрлаат од какаото во процесот на производство. Меѓутоа, оваа супстанца придонесува за еластичноста на крвните зрнца, потикнувајќи го на тој начин протокот на крв во организмот. Според истражувањето, еластични крвни зрнца, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, пред се од инфаркт на срце за 8%. Студијата покажала дека чоколадото ги намалува борите и позитивно влијае на нервниот систем.

Сепак научниците предупредуваат дека ова чоколадо треба да се конзумира во умерени количини, бидејќи претерување сигурно нема да го намали ризикот од срцев удар, а притоа е неопходно да се води сметка и за исхраната и физичката активност. “Artikoa” на пазарот ќе се најде на крајот на октомври, за почеток само во Швајцарија.


Оставете коментар

___