• Сподели на:

Четири нови диети за кои сеуште не сте слушнале

___

Одлучивте да ослабете? Пробајте некоја од овие нови диети…

Секоја година, “U.S. News & World Report”, заедно објавуваат листа со најдобрите диети која ја составиле со помош на експерти за здравје, исхрана и фитнес, за да ги претстават новите тенденции во светот на диетите.

Оваа година на листата се наоѓаат диети за кои се сомневаме дека некогаш сте слушнале.

 

Флекситариан диета

Самиот поим “Флекситариан” е комбинација на два збора: флексибилен и вегетаријанец. Во основа оваа диета има храна која ја јадат вегетаријанците, овозможувајќи ви да одвреме навреме се почестите со хамбургер, или пилешки крилца, ако имате желба. Флекситаријанците јадат 5 основни намирници протеин (највеќе тофу, грав, леќа), овошје, зеленчук, шеќер и зачини. Доколку се одлучите за оваа диета, секој ден морате да го пратите планот 3-4-5: 300 калории за појадок, 400 за ручек, 500 за вечера, плус 2 пати по 150 калории грицки.

На луѓето им се допаѓа поради тоа што е флексибилна. Оваа диета е најдобра за луѓе кои сакаат јасно дефинирани диети, но не и оние кои имаат многу рестриктивни правила.

 

Еко-Аткинс диета

Оваа е многу слична со познатата Аткинсонова диета, бидејќи се фокусира на внесување на малку калории, со далеку повеќе зеленчук. Наместо да јадете мрсна, тешка храна како месо и сирење, јадете така што во дневно внесувате 31% зеленчук богат со протеини, 43% зеленчук богат со масти, а останатите 26% ги сочинуваат јаглени хидрати. Повеќето луѓе што ја држат оваа диета се вегани, но некои јадат и риба, бело месо како и млечни производи.

На луѓето им се допаѓа поради: Многу е полесна, односно повеќе одговара на вашиот организам и срце отколку Аткинсовата, бидејќи не конзумирате тони и тони холестерол. Некои сепак констатираа дека е тешко да се биде дисциплиниран и да се придржуваш кон планот, бидејќи е доста рестриктивна (без црвено месо и “лоши” јаглехидрати). Па, доколку понекогаш посакате чоколадни колачиња, не сте имале среќа кога сте ја одбрале оваа диета.

 

Диета базирана на сирова храна

Во текот на оваа диета конзумирате само сирова храна, која не е готвена, нити било како обработена, нити генетски модифицирана. Во теоријата се верува дека термичката обработка/готвењето ги убива повеќето витамини што храната ги содржи, па ако јадете сирова храна така внесувате највеќе хранливи состојќи од некои намирници. Во тоа спаѓа сирово месо, жива риба, сирење направено од сирово млеко. Оваа диета е одлична за губење на тежината, бидејќи луѓето кои ќе се одлучат на овој режим на исхрана, внесуваат најмалку калории и доста време поминуваат само на планирање на намирниците кои ги внесуваат.

На луѓето им се допаѓа поради: Во тренд е бидејќи промовира храна од природата која не е хемиски обработена. Единствена мана е тоа што поголемиот дел од храната морате сами да ја направите, бидејќи ресторани за сирова храна има многу малку, скоро ниеден. А додека вие ја подготвите вашата ужина, ручек, вечера, ќе помине денот.

 

Диета која мери                                                                                                                                                      

Ова повеќе е план како да јадете, а не што да јадете. Измислена е од страна на Барбара Ролс, нутриционистка која држи предавања за храна на “Penn State University”, а се фокусира на уверување на луѓето да тежнеат кон тоа да конзумираат еднаков број оброци секој ден, без разлика на тоа колку калории имаат некои намирници. Барбара напоменува дека доколку ја наполните својата чинија со храна која има помалку калории, слично како намирниците што ги конзумираат веганите, тогаш ќе внесувате помалку калории но ќе јадете еднакво како вчера.

На луѓето им се допаѓа поради тоа што кога ја држите оваа диета немате чувство дека гладувате, бидејќи јадете ист број на оброци како и пред тоа, само што овојпат сте ги намалиле калориите. Плус не се фокусира на одреден вид на храна, па така не се одрекувате од ништо.


Оставете коментар

___