Што ли не сме способни да направиме за да се ослободиме од ужасниот целулит. Да не зборуваме дека сме речиси сигурни дека токму тој е причината за модниот триумф на пареото. Понекогаш, сепак, дефектот може да се покаже како ефект.
Според лекарите присуството на целулит во областа на задникот и бутовите е превенција на кардиоваскуларни болести и дијабетис.
Освен тоа мастите во женското тело, позитивно влијаат во формирањето на половиот хормон естроген, кој пак е одговорен за репродуктивната функција на дамите.
Лекарите се категорични дека целулиот е во состојба да преземе опасни за организмот масни киселини. И тоа не е се! Во мастите се содржи супстанца која ја врши функцијата на противвоспалително средство, кое ќе го спречи затнувањето на артериите.
И што се докажува? Нашиот најголем непријател, всушност е наш верен пријател. Но што и да зборуваме, ништо не е во состојба да не натера да го засакаме целулитот. Сепак сме жени и тежнееме да изгледаме убаво.

You must be logged in to post a comment Login