Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Банана диетa – наједноставна до сега!

Доколку се определите за оваа диета забрането ви е конзумирање алкохол, сладолед и десерт после вечера.

Оваа брза и едноставна диета ја осмислил Јапонецот Хитоши Ватанабе.

Навистина на прво гледање неговата идеја е едноставна.

Тој предлага секое утро да изедете по една банана и да испиете чаша обична вода загреана на собна температура, додека во текот на денот не морате да се воздржувате и можете да си ја јадете вообичаената ужина, ручек или вечера.

Иако оваа диета за кратко време стекнала  огромна популарност, нутриционистите ширум светот велат дека таа не е чудотворна. Вистина, банана и вода за доручек помагаат при забрзување на метаболизмот и таквиот оброк е навистина нискокалоричен.

Во зависност од врстата, бананата содржи од 72 до 135 калории, од 10 до 20 грама шеќер, но и две до четири грама целулоза, што сепак не е доволно, бидејќи по час, два по ваков доручек кој се состои исклучиво од јаглени хидрати , чувствуваме глад, тврдат научниците.

По нив, ни идејата за ручек, вечера или ужина јадете што сакате, не е прав рецепт за губење на килограми.

Од друга страна пак, поголемиот број на нутриционисти смета дека доколку сакате да ослабете морате да бидете физички активни, како и да го контролирате внесувањето на калории во организмот, како и нивното согорување.

Затоа е далеку поздраво наутро наместо само банана, да си направите вкусно и нутриционистичко фрапе од само 150 калории кое подолго ќе ве држи сити.

Измиксајте банана со неколку коцки лед и чаша јогурт и на тој начин во организмот, покрај корисните влакна, ќе внесете и 12 грама протеини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement