Доколку се определите за оваа диета забрането ви е конзумирање алкохол, сладолед и десерт после вечера.
Оваа брза и едноставна диета ја осмислил Јапонецот Хитоши Ватанабе.
Навистина на прво гледање неговата идеја е едноставна.
Тој предлага секое утро да изедете по една банана и да испиете чаша обична вода загреана на собна температура, додека во текот на денот не морате да се воздржувате и можете да си ја јадете вообичаената ужина, ручек или вечера.
Иако оваа диета за кратко време стекнала огромна популарност, нутриционистите ширум светот велат дека таа не е чудотворна. Вистина, банана и вода за доручек помагаат при забрзување на метаболизмот и таквиот оброк е навистина нискокалоричен.
Во зависност од врстата, бананата содржи од 72 до 135 калории, од 10 до 20 грама шеќер, но и две до четири грама целулоза, што сепак не е доволно, бидејќи по час, два по ваков доручек кој се состои исклучиво од јаглени хидрати , чувствуваме глад, тврдат научниците.
По нив, ни идејата за ручек, вечера или ужина јадете што сакате, не е прав рецепт за губење на килограми.
Од друга страна пак, поголемиот број на нутриционисти смета дека доколку сакате да ослабете морате да бидете физички активни, како и да го контролирате внесувањето на калории во организмот, како и нивното согорување.
Затоа е далеку поздраво наутро наместо само банана, да си направите вкусно и нутриционистичко фрапе од само 150 калории кое подолго ќе ве држи сити.
Измиксајте банана со неколку коцки лед и чаша јогурт и на тој начин во организмот, покрај корисните влакна, ќе внесете и 12 грама протеини.

You must be logged in to post a comment Login