Сезоната на настинки и вироза е стигната. Време е за зајакнување на имунитетот. Еве што ви е потребно за припремување на антивирусната бомба.
Состојки: 2 помали и 1 поголем лимон со кор, 200 ml природен мед, 1 среден корен ѓумбир и стаклена тегла.
Лимонот измијте го, ѓумбирот исушете го. Исецкајте на ситни парчиња. Измелете ги во блендер или со миксер. Додајте го медот и промешајте. Смесата ставете ја во чиста тегла и поклопете ја со поклопец. Чувајте ја во фрижидер.
Можете да земате по 1 лажица дневно, деца до 1 лажица дневно. Исто така, можете да си ставате во чај или други топли пијалоци. Многу е вкусен, а што е најважно – здрав е. Направете го уште денес и зајакнете го имунитетот и прелажете ја настинката.

You must be logged in to post a comment Login