• Сподели на:

Агавинс – состојка од Агава го намалува нивото на шеќерот во крвта и подобрува слабеењето

___

Текилата можеби може да направи многу повеќе за вас, освен што ќе ви го подигне расположението на забава. Но состојката од агава од која се прави текилата, го намалува шеќерот во крвта, а делува така што помага при слабеење. Истражувањата спроведени во Америка, дошле до заклучок дека Агавинс го намалува шеќерот во крвта што го подобрува слабеењето кај глувците на кои се правеле експерименти.

 Agavis 2

Агавинс е состојка од растението Агава кое се користи за правење на текилата и за разлика од глукоза и лактоза, агавинс се апсорбира во телото, така да не може да го подигне нивото на глукоза во крвта. Ова растение е полно со влакна и поради тоа прави чувство на заситување во организмот. Агавинсот има голем потенцијал како иден засладувач, бидејки е растворлив и има неутрален вкус. Ова е иднината која ќе им помогне на гојазните луѓе и на дијабетичарите.

За жал, долго време ќе помине пред овој производ да го видиме на рафтовите во продавниците, бидејки за сега е тестиран само на глувци и сеуште не е истражено како делува на луѓето.


Оставете коментар

___