• Сподели на:

9 факти за вежбањето

___

Ако вежбате често, или поврмено овие факти може да ве интересираат.

1. Ако сте улежани, нема да ве “спаси” некој саат вежбање

Истражувањата покажуваат дека доколку по цел ден седите, еден час вежбање нема да го намали ризикот од срцеви заболувања или диабетес. Многу е важно како ги поминувате деновите, зашто еден час во теретана не може да го замени фактот што во текот на целиот ден сте пасивни.

2. Вежбањето не прави чуда

Многумина почнуваат да вежбаат за да ослабат некој килограм. Но, доколку паралелно не консумирате правилна исхрана, вежбањето нема да направи чуда. Соучесниците на истражувањето кои имале вишок килограми беа под будно око на стручњаците во период од 12 недели. Оние кои само вежбаа, а не направија промена на навиките за јадење немаа значајни резултати во губењето килограми. Сепак, вежбањето има многу предности кога е здравјето во прашање, па затоа не треба да го избегнувате.

3. Вежбањето може да ви помогне да ги остварите своите цели

Не само што ќе ви помогне да се чувствувате подобри и поздрави, вежбањето ќе ви помогне да ги исполните останатите животни цели. Оние кои редовно вежбаат полесно стигнуваат до целта, поорганизирани се и подисциплинирани. Истражувањето покажа исто така дека пушачите кои вежбаат два пати неделно полесно ќе ги оставате цигарите во споредба со оние кои не се занимаваат со физичка активност.

4. Истегнувањето пред вежбање може да ја намали издржливоста

Секогаш кога почнувате со вежбање слушате колку е важно пред да почнете со тренингот да се истегнете, но истражувањата покажуваат дека кога се спремате за џогирање истегнувањето и не е така корисно. Научниците откриваат дека оној кој се истегнува пред трчање е помалку издржлив. Поради тоа, наместо истегање пробајте да се загреете со прошетка или додека трчате правете специфични движења за да ги загреет зглобовите. Истегнете се откако ќе завршите со трчање.

5. Денеска жените се најслаби

Вежбањето им помага на жените да ја одржуваат линијата, но истражувањето покажа дека жените не биле никогаш послаби. Една од причините е дека жените се насочени кон губење на килограми и одржување на линија, а не прават вежби со кои ќе ја зајакнат мускулната маса. Слабата мускулна маса не е беззначајна, и тоа може да има последица на нашето здравје, како на пример создавање на остеопороза.

6. Facebook може да нѐ поттикне да вежбаме

Истражувањето покажало дека Facebook може вистински да ја зголеми мотивацијата за вежбање бидејќи на секој од нас му претстои “опасност” да биде “тагиран” на некоја непожелна фотографија, па така социјалните мрежи станаа сериозен виновник за желбата за губење на килограмите.

7. Ако вежбате наутро можете да се разболите

Секојдневното вежбање е одлично за здравјето, но истражувањето покажа дека реаултатите се подобри доколку вежбате навечер. Физичките напори во раните утрински часови го загрозуваат имунолошкиот систем и го зголемуваат ризикот од инфекција. Затоа, наутро правете полесни вежби, а навечер вежбајте поинтензивно.

8. Вежбањето дава различни резултати кај мажите и жените

Ако вежбате во пар тоа позитивно ќе влијае на повеќе сфери на вашиот живот, но жените не би требало да ги прават истите вежби како и мажите.  Жените поинаку реагираат на вежбите, но и на начинот на исхрана, па заради тоа мораат да посветат поголемо внимание за истите резултати, открива последното истражување. Вежбањето во пар ќе биде одлична мотивација и поттик, но жените треба да го прилагодат тренингот согласно своите потреби.

9. Луѓето кои се во брак поретко вежбаат

Бракот носи бројни здравствени предности, но истражувањата покажуваат дека оние кои не се во врска вежбаат почесто од оние кои се во врска или брак. Причината е во тоа што луѓето кои се во подолга врска со текот на времето се опуштаат бидејќи не се чувствуваат нелагодно покрај партнерот поради физичкиот изглед.

 


Оставете коментар

___