• Сподели на:

8 неочекувани примени на краставицата

___

Краставиците се едноставни за одгледување и многу вкусни. Сите знаеме дека помагаат за уморни очи, но дали знаете дека со нив може да спречите мамурлук или да го исчистите садоперот? За некои примени на краставиците сигурно не сте знаеле.

 

Одмаглување на огледалото

Уморни сте од одмаглување и бришење на огледалото во тоалетот после секое туширање? Пробајте да го истриете  огледалото со парче краставица. Освен што ќе ја елиминира замагленоста, ќе се рашири и пријатен свеж мирис во тоалетот.

 

Спасете се од црви и полжави во дворот

Ако црвите и полжавите ви го уништуваат она што сте го посадиле во дворот, исечете краставица, поставете ја на алуминиумска фолија и оставете ги на земја. Хемикалиите во краставицата реагираат на фолијата и шират мирис, кој луѓето не го чувствуваат, но на штеточините во дворот им пречи.

 

Спречуваат глад

Краставицата е одлична за конзумирање како брз оброк кој го намалува чувството за глад, поготово ако сте гладни навечер, а не знаете што.

 

Краставиците се одлични за чистење

Ако несакате хемикалии и ви е потребно природно средство за чистење, краставицата помага при чистење на чешмите, садоперот и нерѓосувачки челик. Земете парче краставица и истријте ја површината која сакате да ја исчистите. Не само што ќе ги снема флеките и ќе го врати сјајот, нема да ви наштети ниту на прстите и ноктите.

Лек за мамурлак

Доколку сакате да избегнете мамурлак и главоболка, изедете неколку парчиња краставица пред спиење. Ќе се разбудите свежи и без главоболка. Краставиците содржат 90 проценти вода, шеќери и витамин Б.
За свеж здив

Краставиците се одлични за отклонување на непријатниот здив. Се што треба да направите е да земете едно парче краставица и со јазикот да го притиснете за непцето. Оставете да делува 30 секунди.

 

Полирање чевли

Со парче краставица истријте ги чевлите. Ќе се исчистат и ќе добијат сјај. Најдобро делува на чевли со висок сјај.

 

За шарки на вратите

Земете парче краставица и истријте го проблематичниот зглоб на вратата. Шкрипењето ќе престане барем на некое време.

 


Оставете коментар

___