• Сподели на:

7 неверојатно добри јадења кои секогаш можете да ги јадате

___

Ви се јаде слатко или солено? Во овие седум јадења можете да уживате без грижа на совеста …

Од солени закуски до деликатесна брза храна, ние одбравме за вас седум видови храна која може да се јаде без грижа на совеста, бидејќи тие покажаа високо ниво на хранливи материи и многу малку калории.

 

Кога ви се јаде слатко: Сладолед

Ако сте мислеле дека  сладоледот од типот на смрзнат јогурт или сладоледот со малку маснотии е подобар од конвенционалните сладоледи, не сте во право ! Замрзнатиот јогурт  содржи речиси еднаква доза на калории како класичениот сладолед, а сладоледите со помалку маснотии немаат калории , но тие имаат премногу високо ниво на шеќер! Затоа, кога вашето тело “сака” нешто слатко, најдобро е да се земе мала доза на класичен сладолед …

 

Ако јадете месо : Црвено месо

Квалитетното црвено месо има високо ниво на конјугирана линолна киселина  и содржи збир на масни киселини кои формираат пониско ниво на масти во телото и се добар извор на железо (кој во дефицит го има кај голем број на жени). Треба само да се внимава на големината на порцијата. Големината на вашиот smartphone треба да биде сосема во ред!

 

Кога ќе јадете млечни производи : Полномасно млеко

Постои верување дека доколку водите добра грижа за својата тежина, треба да консумирате храна која има помалку масти. Изненадувачки или не , но млекото со помалку маснотии не ве прави послаби, па ние препорачуваме дека можете да го пиете полномасното. Ова млеко ќе ви помогне со апетитот, плус е богат извор на витамин Д, а за дамите кои се скептични во врска со овој предлог, само уште еден факт: има позитивен ефект врз вашата плодност!

 

Кога ќе јадете брза храна : Мексиканската храна

Мексиканските брзи јадења обично подразбираат тортилја полна со зеленчук и прелиена со чили. Ако не ви се допаѓа лута, можете да го елиминирате лутото и само ставете кафеав ориз, грав, пилешко, мариниран зеленчук и сос гвакамоле .

 

Кога ќе јадете зеленчук: Замрзнат зеленчук

Свежо наспроти замрзнато? Овој двобој не секогаш е на страната на свежите, органски состојки. Замрзнатиот зеленчук може да содржи повеќе хранливи материи ( витамини и антиоксиданси), ако се замрзне веднаш по берењето, додека наводно свежиот зеленчук во супермаркетите може да се стои со месеци, а со тоа се губат многу хранливи вредности.

 

Кога ќе јадете нешто за време на попладнето: Нешто со кокос

Кокосот содржи лауронска киселина, која ги “убива” сите бактерии , вируси, а го спречува и воспалението и другите инфекции, ве штити и од срцев удар и истовремено делува и на губење на тежината. Моќна намирница, дефинитивно!

 

Кога ќе јадете јаглехидрати : Бел компир

Белиот компир ги содржи витаминот Ц, кој ги неутрализира слободните радикали, витаминот Б6, плус калиум , кој е одличен за правилното функционирање на срцето.


Оставете коментар

___