Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

6 зачини наместо лекови

Миризливите есенции го подобруваат и украсуваат јадењето, но можат да ја подобрат и состојбата на организмот.

Цимет, каранфилче и останати миризливи производи, се многу повеќе од зачин. Тие содржат биоактивни супстанци кои го прават оброкот повкусен, но и ги намалуваат болките и го појачуваат имуниот систем и тоа не само во зима.

spices-herbs-kuala-lumpur

Цејлонски цимет – содржи материја која дури убива бацили. Чај од две стапчиња цимет, коj се прелива со вода и се остава да стои десет минути, е совршено средство за ублажување на болките во грлото во почетна фаза. Покрај тоа, кората од ова тропско дрво ја подобрува и циркулацијата и влијае на варењето.

Мускатен орев – го смирува надразнетиот стомак и релаксира. Се става директно во јадењето или во мали количини се раствара во топла вода и се пие. Овој зачин го подобрува и расположението. Но бидете внимателни, само четири грама, можат да предизвикаат труење кај возрасни особи.

Кардамом – составен дел од медените колачи, а му годи и на желудникот и позитивно влијае на крвотокот. Истот така може да се искористи и за непријатен здив.

Ѓумбир – вистински лек за настинка. Три или четири тенки парчиња, прелијте ги со врела вода, и испијте ги како чај после десет минути. Чајот од ѓумбир ги убива и бацилите и го зајакнува имунитетот.

Коријандер – одлично се покажува при надуеност. Покрај тоа служи и како природен антибиотик. Фантастичниот мирис, го подобрува расположенито и делува како афродизијак.

Масло од ванила – ги ублажува воспаленијата. Капка масло помешајте го со 25 мл масло за нега на кожа, и мешавината намачкајте ја на оштетената кожа.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...