• Сподели на:

6 Тајни на витките луѓе

___

Ако се мачите со прекумерна тежина и им завидувате на витките луѓе, мора да знаете дека и тие вложуваат труд за својот добар изглед, но тоа успешно го претвориле во навика на секојдневниот живот. Витките луѓе немаат проблеми со килограмите, бидејќи за својот начин на живот не мислат како дополнителен труд и време кое е потребно да се вложи.

 img_8126

1. Шетање

Каде и да можат, витките луѓе одат пеш. Ги придружуваат децата на училипте, пешки одат на работа, користат скали или пешачат до продавница. Околу половина час брзо одење согорува дури 140 калории.

2. Внимаваат колку и што јадат

Кога се во можност да бираат храна или ги мамат колачи и пецива на некој собир, тие ќе го одберат помалото зло. Размислуваат која алтернатива е подобра и така тие секогаш ќе одберат на пример интегрални тестенини или ориз без одрекување и елиминирање на одредени видови храна од менито.

3. Не практикуваат диети

Луѓето кои немаат проблем со тежината не користат диети, туку секогаш внимаваат колку јадат и се трудат тоа да биде здраво. Инструкторот по фитнес Лари Трек објаснува дека секогаш ги советува клиентите редовно да вежбаат поради нивното здравјее, а не периодично да внимаваат на исхраната и да вежбаат кога ќе приметат некој килограм повеќе. Витките луѓе се придржуваат токму на тие совети.

breakfast1

4. Малите нешта кои прават разлика

Ако сте меѓу оние кои секогаш сакаат да се паркираат што поблиску до дестинацијата, па вртите околу градот, сетете се дека можете малку и да прошетате. Витките луѓе ја користат секоја можност во секојдневниот живот за било какво движење.

5. Скалите се закон

Исто како и паркирањето на автомобилот подалеку од дестинацијата, луѓето кои немаат проблем со тежината немаат проблем да користат скали, дури да се работи за девет или повеќе спрата. Тоа можеби изгледа страшно, но кога ќе ви прејде во навика, воопшто нема да размислувате за тоа.

6. Доручек

Без оглед на тоа колку сте поспани или мислите дека немате време за храна, треба да доручкувате најкасно 30 минути откако ќе се разбудите. Така телото ќе ја добие почетната енергија, а разни студии укажуваат на тоа дека на тој начин ќе го спречите вечерното прејадување и прекумерната тежина.


Оставете коментар

___