• Сподели на:

5 закони на слабеењето: Губење на килограмите, на секој дел од телото

___

Дали некогаш сте се запрашале зошто масното ткиво секогаш најмногу ви се таложи на одреден дел од телото? Науката вели дека дистрибуцијата на маснотиите е поврзана со одредени здравствени навики.
А ако знаете зошто најмногу се дебелеете во пределот на стомакот или бедрата, тогаш и најлесно ќе изберете режим на исхрана или телесни вежби кои ќе ви помогнат да ослабете.

Еве кои се петте најкритични делови на телото и како да постапите со нив.

1. Горен дел од телото

Масното ткиво најмногу се таложи на стомакот, грбот, рамениците, пределот на градите, и на рацете до лактите. Причина за вакво нешто е лошиот режим на исхрана и недостатокот на физичка активност. Воведете промени во исхраната кои вклучуваат внесување на 500 до 1000 калории помалку дневно, пет пати неделно вежбајте 30 до 60 минути, а најдобро е да се одлучите за кардио вежби (возење велосипед, брзо одење). Вежбите правете ги со темпо кое што не ви е напорно дури и ако разговарате со друга личност.

Вклучете и вежби за горниот дел од телото, како на пример склекови, вежби за стомачни мускули, екстензии и слично.

2. Подрачјето на стомакот од папокот до лумбалниот дел на грбот

Ако се дебелеете најмногу во пределот на стомакот, тоа може да биде знак за прекумерна работа на хормонот за стрес, кортизолот. Потрудете се да се храните поздраво, да консумирате храна богата со влакна, витамини и минерали, и да практикувате вежби кои вклучуваат и техники за полесно поднесување на стресот, како на пример јога или пилатес.

Ако вашиот стомак пак е постојано надуен, тоа може да биде последица од потешкотии при дишењето или прекумерна конзумација на алкохол. Намалете го вносот на алкохол или посетете го вашиот доктор ако имате проблеми со дишењето.

3. Подрачјето на стомакот од градите, како и целиот грб

Ова е знак дека не сте премногу физички активни, но и се храните лошо, односно прескокнувате оброци и потоа се прејадувате. Обидете се да внесувате пет умерени оброци дневно, да јадете помали порции и што повеќе здрава, нискокалорична храна. Освен тоа бидете и физички активни, движете се повеќе, пливајте и практикувајте вежби за грбот и стомакот.

4. Подрачјето на стомакот, бедрата и задникот

Ако ви се натрупува масно ткиво најмногу на оваа, за многу жени “критична зона”, тоа е јасен знак дека не сте доволно физички активни. Фокусирајте се на вежби за издржливост на долниот дел од телото, а одличен избор би биле кружните тренинзи и велосипедизмот.

5. Подрачјето на стoмакот, задикот и целите нозе

Масното ткиво кое што го зафаќа долниот дел од телото, вклучувајќи ги и ножните листови, вообичаено е последица од бременост. При ваков проблем важи истиот совет како и под број 4, односно за подрачјето на стомакот, бедрата и задникот.


Оставете коментар

___