• Сподели на:

5 вкусни и здрави работи кои треба да се најдат на вашата работна маса

___

Се може да се случи за време на работниот ден – неочекувани состаноци, многу работа… Во такви случаи, доста е важно да имате добар оброк кој ќе ви даде доволно енергија и ќе ја елиминира гладта. Наместо брза храна, на работното место држете се до работите со кои ќе направите многу вкусен оброк.

Леб од цели зрна пченица

Сендвичите се многу хранливи и брзо се припремаат. Лебот од цело зрно има многу заситени влакна, а помеѓу две парчиња леб можете да ставите било што и ќе добиете вкусно и лесно јадење.

Јогурт без масти

Ако во јогуртот ставите парчиња овошје и лешник, ќе добиете многу хранлив оброк. Купете поголемо пакување, и користете колку што ви е доволно за да издржите до крајот на денот.

Туна во конзерва

Конзервираната туна е богата со протеини и не бара спремање. Додадет малку мајонез или сенф за подобар вкус. Јадете со леб од цело зрно.

Бадем и путер од бадем

Бадемите се одличен извор на протеин и добри масти и ќе ве држат сити долго време. Во комбинација со јогурт и  путер од бадем намачкан на леб ќе добиете одличен вкус. Пазете само на количината на бадем која ја имате на работа, бидејќи може да се случи да грицкате бадем нон стоп.

Овошје

Овошјето може да ви послужи за правење најразноразни оброци. Јогуртот ќе биде повкусен со овошје. А замислете колку би бил вкуесн путерот од бадем ако му додадете парче банана или јаболка.


Оставете коментар

___