Патот до мазни нозе не се крие во драстични диети, туку во мудра комбинација на исхрана – физичка активност – масажа – крема, а пред да тргнете во напад, важно е добро да го разберете целулитот.
Само мал процент на жени немаат целулит, а додека многу го поврзуваат со дебелината, истражувањата јасно покажуваат дека и исклучително слабите девојки ги мачи истиот проблем.
Тоа значи дека патот до мазни нозе не се крие во драстични диети, туку во мудра комбинација на исхрана – физичка активност – масажа – креми, а пред да тргенете во напад, важно е добро да го разбирате целулитот.
1.Запознајте го непријателот
Целулитот е поткожно масно ткиво со карактеристични вдлабнатини и чворови. Настанува поради акумулација на масти и токсини под кожата по што доаѓа до слабеење на сврзното ткиво, кое ја поврзува кожата со мускулите и создава карактеристично собирање на горниот слој на кожата.
2.Зашто мажите немаат целулит
Мажите имаат многу подебела кожа која подобро “држи”. Жените имаат понежна кожа, па по природа имаат повеќе масно ткиво на задникот и бутовите. Исто така целулиотот се поврзува со женските полови хормони.
3.Водата ќе помогне, но пијте во нормални количини
2 литри вода ќе помогнат да ги исфрлите вишокот токсини од телото и да се исплакнат областите кои ги нападнал целулиотот, но нема никаква смисла да пиете луди колучини на вода, бидејќи тоа нема да направи никаква разлика.
4.Обидете се да добиете мускули, а не да изгубите килограми
Секако, ако имате премногу килограми, добро би било да ги симнете, но ако сте слаби, дополнително губење на тежината нема да ви помогне во отстранување на целулитот. Би било попаметно ако се фокусирате на вежбање и зголемување на мускулите на задникот и бутовите за да се добиете мазна, здрава и затегната кожа.
5. Добри анти – целулит креми навистина ќе ви помогнат
Многу жени немаат позитивно мислење за антицелулитните креми, и мислат дека тие се само рекламен трик на козметичките компании за да извлечат пари од нашите паричници. Но, ова не е вистина. Кремите се на лош глас поради лудите женски очекувања (се разбира дека нема да го отстранат целиот целулит кој е акумулиран со години за само две недели ), но научно е докажано дека многу креми со умно избрани состојки, како што се кафе, цимет и слично, на кожата покажуваат одлични резултати.

You must be logged in to post a comment Login