Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

5 промени на кожата кои се знак за болест

Разните појави на кожата најчесто ги игнорираме мислејќи дека се безопасни и надевајќи се дека ќе поминат самите од себе. Но, вистината е дека тие често се показател дека нешто не е во ред со нашето здравје.

Ви претставуваме неколку кожни проблеми на кои задолжително треба да обрнете внимание бидејќи истите може да бидат прв знак за одредена болест.

Издигнати црвени дамки со првут

Тие претставуваат први знаци на псоријаза, хронична имунолошка болест на кожата која предизвикува воспалителни процеси заради кои најпосле доаѓа до иритација и создавање на дамки. Стресот е еден од главните предизвикувачи на псоријазата.

Сува кожа проследена со чешање

Доколку забележите вакви промени на кожата за време на зимските месеци, веројатно станува збор за состојба предизвикана од студот и сувиот воздух. Но, доколку кожата постојано ви е сува и ве чеша, а од друга стана чувствувате и замор или губите тежина, тогаш постои голема веројатност да имате проблеми со штитната жлезда.

Црвени грутчиња

Негативните емоции лошо делуваат на нашето здравје, а ваквите промени на кожата може да бидат индикација на стрес и анксиозност. Во секој случај, посетете дерматолог или вашиот матичен лекар за да испитате кој е коренот на проблемот.

Акни и зголемен раст на влакната

Кога овие две кожни промени ќе се манифестираат истовремено, обично тоа е знак на хормонален дисбаланс. Акните на брадата, образите и грбот, како и влакната на лицето, стомакот или градите, се првите симптоми на синдром на полицистични јајници.

Жолти грутчиња на рацете и нозете или темни „кадифени“ дамки

Лицата кои имаат проблеми со шеќерот во крвта или со прекумерната тежина, мораат да обрнат внимание на својата кожа. Жолтите грутчиња се појавуваат заради високото ниво на триглицериди во крвта и дијабетес. Темните „кадифени“ дамки на вратот или на рацете исто така претстауваат знак за дијабетес.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...