Знаете ли дека сонцето не грее исто за време на пролета и летото? Епа некој згрешил или заборавил дека климатските промени ги трансформираа сите годишни времења, вклучувајки ја и пролета.
Овие денови додека чекаме официјално да почне еден од најубавите делови од годината, свесни сме дека сонцето грее како да е Јули, а не крај на Март. Иако сончевите зраци ни годат и развеселуваат, да се потсетиме кои продукти ни ја враќаат енергијата после претераното излегување на сонце.
Риба
Голем број на морски плодови содржат omega 3 масни киселини кои ја штитат кожата од сончевите зраци. Од нив најзначаен е лососот и другите црвени риби кои се богати со антиоксиданси. Исто така сите риби се богати со протеини и селен кои се одговорни за обнова на кожата.
Зелен чај
Можеби чајот не ви е на врвот на омилени напитоци во пролет, но би требало да биде. Зелениот чај содржи моќен антиоксиданс EGCG kој се бори против воспалението на кожата така што ги неутрализира тешките радикали кои го одредуваат нивото на ризик од воспалениа на кожата. Овој чај исто така ја намалува појавата на брчки, бидејки е богат со кверцетин кој ја штити кожата.
Вишна
Одличен предлог за десерт бидејки содржи мелатонин кој ја штити кожата од UV зраци и кој помага во намалување на воспалението на кожата, така што стимулира раст на нови клетки. Вишната е богата и со витамин С кој е од витално значење за работата на колагенот кој влијае за појава на брчки.
Печурки
Печурките содржат екстремно високо ниво на селен, минерал кој влијае на работата на пероксидазата, моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали. Не треба да го заборавиме ниту витаминот В кој исто така се наоѓа во печурките.



You must be logged in to post a comment Login