Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

5 начини како да го разбистрите својот преоптоварен мозок

Веројатно знаете дека би требало повеќе да спиете, повеќе да се движите и да го исклучите телефонот. Освен тоа, постојат и уште неколку начини како да го растеретите мозокот во моментите кога мозокот „ви врие“. Еве како да го сторите тоа.

 

Кога не можете да ги соберете мислите, фрлете се на некоја тешка задача.

 

1) УСРЕДОТОЧЕТЕ СЕ НА НЕКОЈА ТЕШКА ЗАДАЧА

 

Иако делува контрадикторно, треба да ги притиснете конфузниот и немирниот ум со некоја тешка задача. Една студија од 2007 година ја мерела брзината на решавање на тешка задача кај 61 лице. За тоа време, сите луѓе биле вознемирувани со мејлови кои им пристигнувале. Излегло дека биле повеќе концентрирани кога имале потешки задачи а мејловите сè помалку им пречеле.

 

Како да го сторите тоа: Кога се чувствувате како мислите да ви летаат со молскавична брзина на илјада страни, задлабочете се во некој од најтешките проекти кои ги имате, во оној кој бара најмногу внимание.

 

2) НЕ ПОМИНУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ЧАСА САМИ

 

Иако постојат повеќе докази кои укажуваат на тоа дека работата од дома може да го намали стресот и да ја зголеми продуктивноста, постои причина да верувате дека главната причина за вашата анксиозност е тоа што сте поминале премногу време сами. Психијатарот Едвард Хеловел вели дека разговорот со други луѓе има смирувачки ефект и дека треба да го практикувате тоа секои 6 часа. Една американска студија тврди дека промената на хормоните во мозокот поради друштвена изолација е одговорна за агресија и анксиозност кај глувците, што е применливо и кај луѓето.

 

Како да го сторите тоа: Секој ден одвојте малку време за дружење со другите. Без разлика дали се работи за кафе со пријателите или муабетење со фризерката – интеракцијата треба да биде лице в лице за да се чувствувате растеретени.

 

3) СТОЈТЕ НА ЕДНА НОГА

 

Еден од добрите начини да го смирите умот е да го насочите вниманието кон своето тело. Соматосензорните активности, кои се едноставни вежби дизајнирани да ви помогнат да го почувствувате своето тело, можат да ви помогнат во подобрување на когнитивните и физичките особини.

 

Како да го сторите тоа: Затворете ги очите и одржувајте рамнотежа стоејќи на една нога. Преоблекувајте се или облекувајте ги чевлите без да се придржувате за нешто. Искусете ја својата ориентација во просторот.

 

4) ПРЕКИНЕТЕ ГО НЕГАТИВНОТО СО ПОЗИТИВНО

 

Во сето она што ве вознемирува, ве прави нервозни и ве оптоварува, воведете нешто позитивно, нешто што веднаш ќе ве опушти. Мозокот ги помни дејствијата кои се повторуваат. Ако во стресни ситуации почнете да ја применувате техниката длабоко дишење за смирување, мозокот ќе ги спои тие две работи, а со тоа полесно ќе го ублажите стресот.

 

Како да го сторите тоа: Купете си нешто што сакате и држете го блиску до себе за „итни“ ситуации. Пуштете си некоја песна која ве расположува или ве опушта. Ако сте во автомобилот, секогаш носете го со себе ЦДто со такви песни. Или направете нешто друго што на вас делува смирувачки – самите најдобро го знаете рецпетот кој делува на вас.

 

5) ОДМОРЕТЕ СЕ НАКРАТКО

 

Кога мозокот ви е на сите страни, можете да забавите на неколку минути. Според истражувањето кое е вршено врз тенисеритее, некогаш е сосема доволен одмор од само 16 секунди за повторно да се вратите на работа со почист мозок.

 

Како да го сторите тоа: Наместете го тајмерот на една минута, навалете се и дишете длабоко обраќајќи внимание на своето дишење, на патот низ кој протекува воздухот. Издишувањата нека ви бидат двојно подолги од вдишувањата. На тој начин ќе го стимулирате менталното опоравување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement