• Сподели на:

5 митови за слабеење поради кои се здебелуваме

___

Веќе сте пробале да не јадете во доцните часови, но немате никаков резултат. Еве ги најбитните митови во кои најчесто веруваме, а кои нема да ни помогнат во губење на килограмите.

  • Мит: Не јадете по 20:00 часот

Вистината: Не е важно кое време ќе јадате, туку колку калории ќе внесете во текот на денот.

Покрај популарното верување, храната што ја јадеме во вечерните часови веднаш ќе се конвертира во масти, многу поважно од тоа кое време ќе јадеме е она што го јадеме. Исто така, тоа е она на што треба да се обрне внимание ,на бројот на калории еднакво распоредени во текот на денот.

Истражувањата покажаа дека повеќето калории во текот на денот на жените им ги носи вечера или по вечерата, а проблемот е во тоа што жените често посегаат за храна кога се под стрес. Недостаток на спиење, исто така, може да предизвика потребата да се надомести недостатокот на енергија со храна.

2) Мит: “лајт” храна е подобра

ВИСТИНА: Таа може да содржи неколку калории помалку, но има повеќе шеќер и адитиви

На пример, ако се спореди сирење со ист производ, но без масти ќе видите дека иако “лајт” сирењето има 15 калории помалку, содржи 11 милиграма натриум повеќе. Можеби изгледа како мала бројка, но докажано е дека луѓето кои јадат храна етикетирана како “лајт” јадат повеќе, бидејќи тие веруваат дека внесуваат помалку калории. Најдобро е да избегнувате храна што ја носи озанака помалку “маснотии” или “лајт”.

3) Мит: може да се јаде колку што сакате се додека е ЗДРАВО

ВИСТИНА: Здравата храна содржи шеќер и масти.

Авокадо има 161 калории, 18 индиски ореви се 163 калории, дури и овесот содржи калории. Една лажица путер од кикирики има 105 калории. Бидете внимателни во врска со калории дури и кога ќе се јадете здрава храна.

4) Мит: Ако станете  вегетаријанец  ќе изгубите телесната тежина

ВИСТИНА: Вегетаријанска храна може да содржи “празни” калории

Помфрит, чипс, бело чоколадо, тестенини се храни кои вегетаријанците ги јадат, но тоа не значи дека ќе изгубат тежина. Губење на тежината ќе се случи ако се јаде балансирана исхрана, која вклучува многу овошје, зеленчук, протеини, како што се оние кои можат да се најдат во грав и цели зрна.

5) Мит: Ако вежбате, може да се јаде она што го сакате

ВИСТИНА: Вашиот тренинг најверојатно нема да изгори онолку калории кои прекуумерено ги внесувате.

Половина час на лента за трчање согорува согорува околу 300 калории. Ако јадете чизбургер, помфрит и пиво, вие внесете повеќе од 700 калории. Кога станува збор за слабеење, математиката е едноставна: треба да се намали 500 калории неделно за да се изгуби тежина. Вежбањето дефинитивно треба да биде дел од вашето губење на тежината, но сепак треба да се земе предвид бројот на калории кои се конзумираат.


Оставете коментар

___