МИТ: Главен симптом на срцев удар е болка во градите
Срцев удар настанува во разлилчни облици и големини. Често доаѓа до болка во други делови од телото. Може да се манифестира и како болка во вилицата или раката. Сите овие болки треба да бидат аларм за срцев удар.
МИТ: Диета без црвено месо и сирење се најдобри за чување на здраво срце
Диети фокусирани на овошје, риба и зеленчук се ефикасни за намалување на ризикот од кардиоваскулрни болести. Но исто така и диетите кои содржат црвено месо и сирење се добри, бидејќи произведуваат здрави масти, слично како маслиновото масло.
МИТ: Мултивитамини и рибино масло спречуваат болести на срцето
Иако витамините влијаат на целокупното здравје, нема да го спречат настанувањето на болестите. Исто и суплементите од рибино масло не ги нудат сите хранливи материи но можат да бидат од помош. Високо ниво на поединечни витамини може да влијае на лековите и во комбинација со нив да дојде до оштетување на јетрата.
МИТ: Не мора да се гружите за внесот на сол
Солта го подигнува крвниот притисок кој предизвикува срцеви болести. Според тоа, би требало да се избегнуваат големи количини сол во јадењето, но и храна од конзервите бидејќи солта е една од најважните состојки.
МИТ: Постои ген за срцеви болести
Постои генетски фактор кој го зголемува ризикот од настанување на срцеви болести. Но на тоа не можете да му го препишете само генетскиот фактор. На тоа влијае и тоа дали сте пушач и каква исхрана имате, како и начинот на живот кој го водите.

You must be logged in to post a comment Login