• Сподели на:

5 брзи трикови да го побетите заморот

___

5 брзи совети како да го победите изморениот изглед.

  1. накратко легнете на кревет така да главата ви виси од работ. Крвта ќе ви отиде брзо накај лицето и ќе ве разбуди на еден начин. Ако веќе имате сложена фризура која не сакате да ја расипете, навалете ја главата наназад колку можете повеќе.
  2. испробајте брз фејслифтинг со помош на репчето. Косата заврзете ја во високо репче, што автоматски ќе ви ја затегне кожата на лицето, па така ќе изгледате посвежо.
  3. наутро истуширајте се наизменично со топла па потоа со ладна вода. Ваквото туширање ќе ја подобри циркулацијата и ќе ви ја врати бојата.
  4. Ако очите ви се отечени, на нив ставете ладна лажица (звучи чудно, но делува), кругче краставица или пак ладна вреќичка од чај.
  5. испробајте ледена маска за лице. Во сад за лед (во водата) додајте неколку капки лимон и маслиново масло, па ставете го во замрзнувач. Секое утро искористете по една коцка лед како ледена маска. Со ледот поминете го лицето, ладното ќе ја на амали отеченоста, лимоновиок сок ќе ја затегне кожата, а маслиновото масло ќе даде влажност на косата.

Оставете коментар

___