Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

4 причини зошто немате тело како што поскаувате!

Здраво се храните, не се прејадувате, внесувате доволно здрави намирници, во последно време не сте пропуштиле ни еден тренинг, но сепак немате тело како што посакувате.

Ова е секојдневие, некои ги криват гените, а некој фотошопот сметајќи дека тело како од насловните страни не е возможно.

Сепак, постојат четири причини кои  објаснуваат зошто вашата исхрана не функционира како што би сакале.

Вашите секојдневни врски се лоши

Ова е една од најчестите причини за дебелината. Јадете се што ви треба, риба, јајца, житарки, ореви, овошје, а сепак во последено време сте качиле неколку килограми. Виновникот за ова е лоша врска, но не само љубовна врска. Врската со родителите, лош шеф, страшни колеги, пријатели или соработници кои се додатен стрес во вашиот живот, а сето тоа резултира со акумулација на масти, особено во стомачната област.

Излегување од лоша врска е тешко, а понекогаш и невозможно бидејќи вие сте заглавени со вашите родители, со животната средина, која не може да се промени, па добар совет за да се биде слаб е да се избегнат токсични луѓе што е можно повеќе.

Немате трпение

Понекогаш причината за дебелината е нетолеранција кон одредени видови на храна. Обично луѓето се нетолерантни за јајца, ореви, соја, пченица или млечни производи, но може да бидат алергични на сè, од ананас до бибер.

Ако се сомневате дека причина за дебелината се алергии на храна  потребно е да се направи тест за да се потврди или да се отстрани таа можност.

Токсични сте

Токсините од животната средина – смог, чад од цигари, дрога и жива од риба … сето тоа се чува во нашите клетки и имаат потенцијал да го загадат нашето тела. Постојат многу третмани кои ќе го исчистат вашето тело. Барајте некои третмани за детоксикација на телото, ако мислите дека ова е причината за вашето дебелината

Не вложувате доволно труд

Само затоа што се вежба постојано и јадете здрава храна не значи дека ќе изгубите тежина. Постои можност дека не вежбате оптимално, а вашите порции се сеуште преголеми.

Доколку имате седечки начин на живот два до три тренинга неделно сепак не се доволни за губење на тежина. Потребно ви е многу повеќе активност од тоа. Доколку малку сте ги намалиле порциите од предходно, можеби и тоа не е доволно за губење на вишокот килограми. Информирајте се за дневната доза на калории што треба да ги внесете. Проверете ги табелите за калорична вредност.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...