Многу често многу луѓе не умеат да препознаат кога телото почнува да се мачи поради недостаток на течности. Пратете ги сигналите кои телото ги праќа и секогаш со себе носете флаша со вода и пијте на секои 10 минути, за да се чувствувате подобро. Важно е да умеете да ги препознаете знаците на дехидрација, а во продолжение прочитејте три главни.
Главоболка
Ако не пиете доволно вода, а цел ден сте активни, вашето тело непрестајно губи течност, а заедно со тоа и соли натриум кои всушност го менуваат хемискиот состав на крвта. Мозокот станува осетлив на промените, па се јавува главоболка.
Мокрачата е со изразена жолта боја
Кога пиете доволно течности, телото побрзо и полесно ги исфрла отровите. Во спротивно, штетните состојки остануваат во организмот, па урината може да биде изразено жолта.
Затвор
Во недостаток на течности, организамот неможе ефикасно да се ослободи од штетните материи и доаѓа до затвор. Водата го убрзува и олеснува исфрлувањето на токсините преку дебелото црево.

You must be logged in to post a comment Login