• Сподели на:

10 хранливи намирници за подобра концентрација

___

Храната може да има големо влијание врз тоа како ние се чувствуваме, размислуваме и постапуваме. Затоа што храната која е тешка и мрсна, може да направи да се чувствуваме поспано и да ни падне концентрацијата. За да се избегне ова, еве што треба да јадете.

1 ) Киноа

Јаглехидратите се најдобрата храна за мозокот. Но не секои јаглехидрати. Јаглени хидрати со таков квалитет го снабдуваат мозокот со моќ речиси веднаш. Ако ви треба концентрација , одлучете се за сложени јаглехидрати, а не за едноставни шеќери , од кои многу се качува шеќерот во крвта. Со оглед на тоа доручекот е најважниот оброк во денот , користете го целото зрно на киноа наутро, како утринска рутина. Гответе го, и помешајте со млеко, цимет и суво овошје .

2 ) Пилешко

Да, сочното и вкусно пилешко е всушност многу добро за вашиот мозок. Внесувањето на железо не е единствено потребно за енергијата на телото , туку и ментално. Истражувањата покажуваат дека жените кои јадат храна богата со железо, имаат повеќе енергија и подобро паметат , а научниците го поврзуваат со внесот на зголемена доза на железо. Ако за доручек јадевте киноа, пилешко за ручек – мозокот ќе ви функционира совршено.

3 ) Јајца

Не ги прескокнувајте жолчките, затоа што тие се богати со лутеин, силен антиоксиданс кој е поврзан со доброто гледање. Сепак , ниското ниво на антиоксиданси во организмот може да доведе до слаба меморија и концентрација, па не заборавајте да го јадете целото јајце , ако сакате вашиот мозок да работи добро. Исто така, две јајца содржат 250 mg на холин , кој припаѓа на групата на Б витамините и е одличен за исхраната на мозокот. Две јајца ќе ве заситат добро, и се знае дека гладни луѓе имаат тенденција тешко да се концентрираат.

4 ) Чај од нане

Силен и опоен мирис на нане лесно може да ве разбуди и да ви го разбистри вашиот ум. Истражувањето од 2011 година, што беше направено на луѓе кои играат игри покажаа дека учесниците кои го помирисаа на чајот од нане, имаа подобри резултати од оние на кои не им беше дадено Нане. Учесниците кои помирисаа мента, исто така, полесно ги извршија сите задачи. Значи, ако сакате да го исчистите вашиот ум во попладневните часови, можете да се одлучите за една чаша на овој ароматичен пијалок, наместо за кафе.

5 ) Цвекло

Цвеклото е најновата суперхрана поради тоа што нејзините сокови им помагаат на спортистите да ја зачуваат силата за подолго време, а студиите покажуваат дека може да ја одложи деменцијата.  Сокот од цвекло е богат со нитрат, супстанца која помага во дилатација на крвните садови, а има и поголем доток на крв во мозокот. Лекарите велат дека може да ја подобри концентрацијата , вниманието и фокусирањето .

 

6 ) Кикирики

Ова е совршена закуска ако сакате да го сузбиете гладот, од кој ја губите концентрацијата. Некои истражувања покажуваат дека јадењето кикирики или путер од кикирики може да ја намали желбата да се јаде, па дури и до осум часа. Кикирики го смалуваат шеќерот, и потикнуваат секреција на хормони кои ја намалуваат гладта. Затоа, за следниот оброк , јадете јаболко со путер од кикирики, и уживајте.

7 ) Суво овошје

Не само што сувите јаболка, кајсии и смокви се одличен извор на овошен шеќер, кои ќе го наполнат вашиот мозок со енергија, но, исто така, се многу вкусни. Јапонската студија покажа дека луѓето кои јадат сушено овошје имаат повеќе активности во делот на мозокот одговорни за работната меморија . Сепак, овие грицкалици можат да бидат високо калорични, а некои порции не се поголеми од 1/4 чаша .

8 ) Жалфија

Ова растение е ултимативна храна за мозокот. Студијата од 2011 се занимаваа со прецизното влијание на жалфијата на мозокот, а резултатите се изненадувачки. Поточно , учесниците кои консумирале масло од жалфија како додаток подобро ги изведувале менталните задачи по еден час. Четири часа подоцна , тие се уште се чувствувале помалку ментално уморни од оние кои не ја косумирале. И, најдобро од се, не е важно во која форма е жалфијата – не заборавајте да ја вметнете како сушен зачин во готвени јадења .

9 ) Скуша

Масните риби како скушата содржат многу вредни омега- 3 масни киселини, а ако немате доволно од овие есенцијални масти вашиот мозок може да работи побавно. Покрај скуша, постојат и сардини, туна и лосос, а изберете ги според вкусот и паричникот.

10 ) Авокадо

Научниците веќе долго време зборува за тоа како мастите имаат позитивно влијание врз мозокот. Во Велика Британија, во студијата од 2012 , им е давано на луѓето да пијат пијалаци кои содржат 16 g маст. Само 15 минути по пиењето , овие луѓе се многу подобри во тестовите на меморија на слики и зборови. Но многу е важно каков вид на масти внесувате. Моно- заситени масти кои се наоѓаат во авокадото се одлични за губење на тежината, и го хранат вашиот мозок.


Оставете коментар

___