Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Свадбени обичаи кои носат среќа

Сите ние сакаме денот на нашата свадба да биде совршен, но посакуваме и среќен брак. Па, малку суеверие нема да наштети. Погледнете кои се свадбени традиции се верува дека ќе им донесат среќа на младенците:

Старо, ново, позајмено, сино: Во западната култура се верува дека невестата мора да носи нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино што ќе и донесе среќа во брачниот живот.

Црвен фустан: Во некои традиции се верува дека невестата ноќта пред свадбата точно на полноќ треба да облече црвен фустан, кој симбоизира многу љубов во бракот.

Лук: Според старите верувања, лукот не само што штити од вампири, туку штити и од уроци.

Златник во чаша црвено вино: Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.

Ѕиркање низ прстен: Ако сака да има среќа во бракот, невестата мора да го погледне младоженецот низ прстен кога тој пристигнува во нејзината куќа, но мора да внимава тој да не ја види се додека не влезе кај нејзе во соба.

Погача: Кога младоженецот оди по невестата, свекрвата по обичај носи слатка погача. Таа се крши над главата на младенците, а потоа се дели на ергените и момите.

Јаболко: Ако сака да ја земе невестата, според традицијата младоженецот мора со пушка да го погоди јаболкото кое семејството на невестата го закачило на дрво.

Забрането гледање назад: Кога невестата си оди од својот дом со младоженецот, доколку сака да има среќен брак не смее да се сврти назад кон својот дом.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement