Трета година по ред, еден град добива титула за најскап град за 2016 година според истражувањата на Economist Intelligence…
Тоа е Сингапур кој одбива да се симне од тронот за најскап град во светот. Во ова истражување се вклучени 400 индивидуални цени, 160 производи и услуги од 133 градови. Овој извештај е прилично корисен за деловните луѓе како и за оние кои би се преселиле во овој град токму поради работата.
Според резултатите од овие истражувања, сингапур се искачи пред Цирих и Хонг Конг кои се за 7 места повисоко на листата за најскапи градови за оваа година. Женева, Париз, Лондон, Копенхаген , Њујорк, Лос Анџелес и Сеул, заедно со Сингапур, Цирих и Хонг Конг се се рангирани на листата за 10 најскапи градови за оваа година. Њујорк за целокупната вредност ја доби највисоката позизија од 2002 година, односно се наоѓа на 7-то место на листата и се смета за град кој најбрзо напредува.
Во текот на оваа проценка се споредуваа цените на се-пијалоци,храна и облека, материјали за домашна и лична нега, цените на превозот, приватните училишта, помош во домот како и за рекреација. Во истражувањето беа вклучени околу 50.000 цени од различни категории. Њујорк се користи како основа за споредба па листата се прави врз основа на цеите од вој град, и силата на доларот како валута. на пример, Токио беше прв на листата, но на негово место сега е Сингапур поради општата слабост на јенот и јапонската економија.
Во извештајот се наведува дека Сингапур е најскапиот град на светот што се должи на високата цена на превозот и комуникаијата, кои во секој случај влијае на патниците и ја зголемува цената на хотелите. Цената на превозот во ингапур е за 2.7 пати поголема, отколку цената во Њујорк.Сепак Сингапур не е најскап град во секоја категорија. Љубителите на гастрономијата и на храната се задоволни од изборот на цените на храната во овој град, во однос на неговите азиски соседи. Сепак, јадењето во рестораните во Сингапур е скапо само поради високите такси за алкохол кој ги има во овој град.
Иако Азија има 3 претставници на листата за најскапи градови, Индија има 4 локации кои се наоѓаат на листата на најефтини градови: Њу Делхи,Мумбај, Бангалор и Ченај. Најефтиниот град е 133 на оваа листа, се работи за градот Лусака и Замбија. Тоа не води да размислуваме за сафари…
И на крај ви ги претставуваме 10 најскапи и 10 најефтини градови…
НАЈСКАПИ ГРАДОВИ:
- Сингапур
- Цирих/Хонг Конг
- Женева
- Париз
- Лондон
- Њу Јорк
- Сеул, Копенхаген ,Лос Анџелес
НАЈЕФТИНИ ГРАДОВИ:
124. Дамаск, Караканзас
126. Њу Делхи
127. Алмати, Карачи, Ченаија, Алжир
131. Мумбај
132. Бангалор
133. Лусака













You must be logged in to post a comment Login