Пролетта е време за промени, па затоа не е лошо да ги промените темните бои на лакови со некои забавни комбинации.
Тоа не значи дека треба бојата на лакот на нокти да се поклопува со сите убави бои на пролетта, но можете да експериментирате со различни нијанси и да се обидете да ги пронајдете оние кои одат најдобро во комбинација.
Можете да одберете пастелни бои кои ќе бидат во тренд оваа пролет, размислете за нежно сината или baby розовата. Играјте си со дезени и шари. Пролета дозволува се цветови, пеперутки, овошје…
Не мора ни да давате многу пари по салони, постојат туторијали на YouTube кои се лесни и брзи и можете да ги направите сама дома.
Бидете креативни и дочекајте ја пролета со забавни нокти.












You must be logged in to post a comment Login